Крем-колач
Ако сте на диета или едноставно се ограничувате да консумирате десерти поради калориите, тогаш денес ви откриваме совршен рецепт за супер нежен крем-колач, за кој нема да ви биде потребно ниту брашно ни гриз, а благодарение на неговата структура, ќе може да уживате без да се грижите за килограмите!
Вкупно време1 час ч 30 минути мин
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: диетален колач
Порции: 4
- 400 гр кисело млеко
- 4 јајца
- 50 гр нишесте
- 1 кафена лажица пециво
- 100 гр шеќер
- 1 кора од лимон
- По вкус шеќер во прав
Прво поделете ги јајцата на жолчки и белки.
Следно исипете го шеќерот во жолчките и измешајте со маталка.
Во добиената смеса исипете го киселото млеко, додадете ги нишестето и изренданата кора од лимон и добро измешајте ги состојките. Сега изматете ги и белките, до добивање пена.
Добиената пена исипете ја во смесата со кисело млеко.
Замесете го тестото со маталка. Во соодветен сад, поставете хартија за печење, а врз истата исипете го тестото.
Загрејте ја рерната на 170°C и поставете го десертот да се пече 45 минути.
На крај, врз готовиот десерт додадете одозгора шеќер во прав.