Ако сте на диета или едноставно се ограничувате да консумирате десерти поради калориите, тогаш денес ви откриваме совршен рецепт за супер нежен крем-колач, за кој нема да ви биде потребно ниту брашно ни гриз, а благодарение на неговата структура, ќе може да уживате без да се грижите за килограмите!

Крем-колач

Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: диетален колач
Порции: 4

Состојки

  • 400 гр кисело млеко
  • 4 јајца
  • 50 гр нишесте
  • 1 кафена лажица пециво
  • 100 гр шеќер
  • 1 кора од лимон
  • По вкус шеќер во прав

Начин на подготовка

  • Прво поделете ги јајцата на жолчки и белки.
  • Следно исипете го шеќерот во жолчките и измешајте со маталка.
  • Во добиената смеса исипете го киселото млеко, додадете ги нишестето и изренданата кора од лимон и добро измешајте ги состојките. Сега изматете ги и белките, до добивање пена.
  • Добиената пена исипете ја во смесата со кисело млеко.
  • Замесете го тестото со маталка. Во соодветен сад, поставете хартија за печење, а врз истата исипете го тестото.
  • Загрејте ја рерната на 170°C и поставете го десертот да се пече 45 минути.
  • На крај, врз готовиот десерт додадете одозгора шеќер во прав.