Go Back

Зелка во тегла

Денес ви откриваме како најлесно да приготвите зелка во тегла и притоа истата да остане свежа и крцкава дури до летото, благодарение на овој практичен бабин метод, со кој едноставно нема да погрешите. Еве за што станува збор!
Оброк: Прилог
Кујна: Балканска
Клучни зборови: кисела зелка, зелка во тегла
Порции: 4

Состојки

  • 24 кг свежа зелка
  • 4 кг моркови

За маринадата (за 1 литар вода)

  • 1 супена лажица шеќер
  • 2 супени лажици сол

Начин на подготовка

  • Исечете ја секоја зелка на 4 парчиња, а потоа темелно исчистете и отстранете ги тврдите делови од истите. Исечете ја зелката на тенки парчиња или изрендајте ја.
  • Во длабоко тенџере, со рака добро измешајте ги зелката и морковите (претходно изрендани). Најдобро е да ја додадете зелката на двапати, притоа со дрвен чук, добро да ја истолчите истата во тенџерето, за да омекне. Повторете ја постапката и за целото количество зелка.
  • Следно, пригответе ја маринадата. Додадете го потребното количество на сол и шеќер во длабоко тенџере, а потоа додадете го и соодветното количество на вода и добро измешајте ги сите состојки заедно, додека да се растворат солта и шеќерот.
  • Готовата маринадата додадете ја при зелката, така што на секои 2 кг зелка, додадете 1 литар маринада.
  • Со цел целката да биде целосно потопена во маринадата поставете тежина врз истата, односно поставете прво дрвена даска, а потоа врз истата поставете соодветен тежок предмет, како на пример, камен.
  • Затворете го тенџерето со капак и оставете така смесата да отстои 3 дена. На 3-от ден ќе забележите по површината ќе забележите меуричиња од водата, а тоа е знак дека зелката започнала да се маринира правилно.
  • Сега извадете ја зелката и складирајте ја во неколку садови, притоа оставете ја да отстои неколку часа (по можност, цела ноќ). Следно утро добро складирајте ја во тегли и затворете ги теглите со капаци. Поставете ги теглите на ладно место, а може едноставно тоа да биде и на балкон.