Go Back

Шампањско од јагода „Фраголино“

Сезоната на јагодите е толку кратка, а на прекрасните десерти кои можеме да ги приготвиме од истите им нема крај! Покрај рецептот задомашниот ликер од јагоди, сега ви претставуваме чудесно шампањско од ова овошје!
Вкупно време1 час
Оброк: Аператив
Кујна: италијанска
Клучни зборови: јагоди, шампањско
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр јагоди
  • 2 шолји шеќер
  • 50 мл сок од лимон
  • 250 мл разреден алкохол (разредете го алкохолот со вода)
  • 250 мл вода

Начин на подготовка

  • Најпрво добро измијте ги јагодите, отстранете ги сите непотребни стебла и листови, а потоа поставете ги врз хартија, добро да се исушат.
  • Следно, со пасатор, измешајте ги јагодите до добивање напире, а потоа добиеното пире прецедете го преку сито.
  • Исипете го шеќерот во врела вода и поставете ја смесата на оган. Мешајте непрекинато, до целосно растворање на шеќерот. Кога сирупот ќе се излади, додадете ги сокот од лимон и пирето од јагоди во смесата.
  • Потоа додадете го и разредениот алкохол. Поставете го шампањското во сад со соодветна големина и оставете го да отстои 3-4 дена на собна температура. Мешајте ја смесата од време на време.
  • По поминатиот период, додадете го шампањското во стаклени шишиња и складирајте го во ладилникот.