Сезоната на јагодите е толку кратка, а на прекрасните десерти кои можеме да ги приготвиме од истите им нема крај! Покрај рецептот за домашниот ликер од јагоди, сега ви претставуваме чудесно шампањско од ова овошје!

Шампањско од јагода „Фраголино“

Сезоната на јагодите е толку кратка, а на прекрасните десерти кои можеме да ги приготвиме од истите им нема крај! Покрај рецептот задомашниот ликер од јагоди, сега ви претставуваме чудесно шампањско од ова овошје!
Вкупно време1 час
Оброк: Аператив
Кујна: италијанска
Клучни зборови: јагоди, шампањско
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр јагоди
  • 2 шолји шеќер
  • 50 мл сок од лимон
  • 250 мл разреден алкохол (разредете го алкохолот со вода)
  • 250 мл вода

Начин на подготовка

  • Најпрво добро измијте ги јагодите, отстранете ги сите непотребни стебла и листови, а потоа поставете ги врз хартија, добро да се исушат.
  • Следно, со пасатор, измешајте ги јагодите до добивање напире, а потоа добиеното пире прецедете го преку сито.
  • Исипете го шеќерот во врела вода и поставете ја смесата на оган. Мешајте непрекинато, до целосно растворање на шеќерот. Кога сирупот ќе се излади, додадете ги сокот од лимон и пирето од јагоди во смесата.
  • Потоа додадете го и разредениот алкохол. Поставете го шампањското во сад со соодветна големина и оставете го да отстои 3-4 дена на собна температура. Мешајте ја смесата од време на време.
  • По поминатиот период, додадете го шампањското во стаклени шишиња и складирајте го во ладилникот.