Go Back

Млечен колач

Ако обожавате раванија, тогаш со сигурност ќе се вљубите во овој сочен млечен десерт. Станува збор за домашен кох кој се приготвува неверојатно многу лесно, а неговиот уникатен вкус што се топи во уста, дефинитивно не остава никого рамнодушен!
Оброк: Десерт
Кујна: Балканска
Клучни зборови: колач, кох, раванија, млечен колач
Порции: 4

Состојки

  • 500 мл пресно млеко
  • 4 супени лажици брашно
  • 4 супени лажици гриз
  • 9 супени лажици шеќер
  • 6 јајца
  • 5 гр пециво
  • 1 пакетче ванила

Начин на подготовка

  • Одделете ги белките од жолчките и изматете ги до добивање пена, а потоа додадете 6 супени лажици шеќер и повторно добро изматете. Следно, додадете ги жолчките една по една, непрекинато мешајќи ја смесата до добивање зголемен обем до 3 пати.
  • Исипете ги гризот, брашното и пецивото и со шпатула измешајте го правец горе-долу, со цел тестото да остане меко и нежно.
  • Премачкајте соодветен сад за печење со масло и брашно, а потоа додадете го тестото. Загрејте ја рерната на 180°C и поставете го колачот да се пече 25 минути. Додека се лади истиот, пригответе го шербетот.
  • Сварете го млекото и додадете ги ванилата и преостанатите 3 супени лажици шеќер. Варете ја смесата додека шеќерот целосно да се растопи.
  • Исечете го колачот директно додека е во садот и одозгора полејте со топлиот млечен шербет. Поставете го колачот во ладилникот да отстои неколку часа, додека шербетот целосно да се впие.