Go Back

Чоколадно лепче без печење

На сите нам барем еднаш ни се случило да ни се јаде нешто благо, убаво и слатко, но или продавниците биле затворени или нè мрзело да отидеме до истите, а дома сме немале ништо за десерт. Но, со овој лесен рецепт ваквите ситуации веќе никогаш нема да бидат проблем!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: чоколаден ролат, чоколаден леб, чоколаден десерт
Порции: 4

Состојки

  • 20 гр какао во прав
  • 20 гр ленени семиња
  • 70 гр оризови галети
  • 300 гр банани
  • 100 гр ореви

Начин на подготовка

  • Испасирајте ги бананите со вилушка, а оризовите галети искрешете и сомелете ги со раце. Со нож исечете ги јаткастите плодови и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Добиената смеса распоредете ја врз хартија за печење и оформете лепче (ролат). Завиткајте го лепчето во хартијата, а потоа и во проѕирна фолија и поставете го замрзнувачот да отстои 2-4 часа. Извадете го десертот 10 минути пред консумирање.
  • Наместо банани, може да изберете било кое друго овошје по ваш вкус и наместо ореви, било кои други јаткасти плодови, по ваш вкус.