Исечете ги компирите и модриот патлиџан на парчиња и поставете ги во рерната да се печат 20-30 минути на 160°C.
Додека зеленчуците се печат, пригответе го месото. За таа цел испржете ги ситно исечените кромид и лук во зејтин и кон истите додадете го месото. Додадете сол, мелен црн пипер, оригано и цимет. Исечете ги доматите и додадете ги кон месото, заедно со доматното пире и виното.
За бешамел сосот, растопете го путерот на слаб оган, додадете го брашното и добро измешајте. Бавно додадете го топлото млеко при непрекинато мешање на смесата додека е на оганот и додека сосот да стане густ. Додадете ги јајцата, индиското оревче и мелениот бел пипер. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
Подгответе го садот за печење. Премачкајте ги ѕидовите и дното со зејтин и по желба, може да нанесете лебни трошки. Наредете ги слоевите на компир, сосот со месото и модрите патлиџани. Одозгора полејте ја мусаката со бешамел и поставете ја да се пече 20 минути во загреана рерна на 180°C.
Извадете, нанесете одозгора рендан кашкавал и вратете ја мусаката да се пече дополнителни 10 минути.