Go Back

Соленки со сирење, без јајца

Рецептот за овие превкусни домашни соленки со сирење е неверојатно лесен за правење, а за истите нема да ви биде потребно ниту едно јајце. Сервирани со вино, тие се совршена закуска за вашите гости!
Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: закуска
Кујна: Француска
Клучни зборови: соленки
Порции: 4

Состојки

  • 2 кафени шолји сирење
  • 125 гр мек путер
  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 3 кафени шолји брашно
  • 1 пакетче пециво

Начин на подготовка

  • Во сад, крупно изрендајте го сирењето. Добро измешајте го киселото млеко со содата. Додадете го сирењето, следно и путерот и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Потоа на порции додадете ги претходно измешаните пресеаното брашното и пецивото. Замесете меко тесто, поставете го во најлонски плик и оставете го да отстои 1 час во ладилникот.
  • Извадете го тестото и поставете го на работна површина, врз која е нанесена брашно, а потоа обликувајте кора од тестото со дебелина од 0,5 центиметри. Исечете ја кората на правоаголници или стапчиња и истите подредете го во сад, покриен со хартија за печење.
  • Поставете ги да се печат 20 минути во претходно загреана рерна на 200°C.