„Баунти“ колач
Извонредниот „Баунти“ колач, инспириран од популарното американско чоколадо е совршеното брзо решение доколку ве посетат ненајавени гости, а немате ништо претходно подготвено. Истиот е готов за 10 минути, а едноставно освојува со недоливиот вкус!
Вкупно време30 минути мин
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: кокос, баунти колач, баунти
Порции: 4
- 300 гр мелени бисквити
- 200 гр темно чоколадо
- 100 мл млеко
За филот
- 500 мл млеко
- 80 гр пченичен гриз
- 100 гр шеќер
- 200 гр кокос
За глазурата
- 100 мл слатка павлака
- 100 гр темно чоколадо
- 40 гр путер
Изрендајте го чоколадото и додадете ги мелените бисквити. Добро измешајте, до добивање на соединета смеса. Додадете го и млекото и повторно добро измешајте.
Во калап за торта поставете го бисквитното тесто и распоредете го рамномерно. Притиснете со раце со цел да добиете рамна површина.
Во тенџере додадете пола литар млеко, шеќер и пченичен гриз, добро измешајте и поставете ја смесата да се готви. Повремено мешајте, со цел млекото да не загори. Мешајте додека филот не стане густ. Во приготвениот гриз додадете го кокосот и добро измешајте.
Добиениот фил нанесете го врз бисквитното тесто. Кога колачот ќе се излади, одозгора полејте го со глазурата која претходно сте ја приготвиле од слатката павлака, темното чоколадо и путерот.
Оставете го колачот сосема да се излади.