Излупете ги тиквичките, а доколку се млади, може да ја оставите нивната кора. Но, ако се поголеми, сепак најдобро е да ги излупите. Исечете ги на кругови, чија дебелина треба да биде 1,5-2 цм.
Со помош на кафена лажица или соодветна мала чаша со остри рабови, исечете ја средината од круговите.
Посолете ги прстените од тиквички, а нивната извадена средина измешајте ја заедно со кромид, во блендер или со помош на пасатор.
Следно додадете ги и меленото месо, солта и мелениот црн пипер. Ако смесата е течна, во истата додадете 1-1,5 супени лажици гриз и добро измешајте. Наполнете ги прстените од тиквички со добиената смеса и поставете ги во сад, на хартија за печење.
Премачкајте го секој круг со јајце и нанесете лебни трошки. Исечете ги доматите исто така на кругови и поставете по еден круг врз секој од прстените од тиквичка.
Вклучете ја рерната на 180°C и веднаш штом ќе се загрее, поставете го јадењето да се пече 35 минути.
Изрендајте го кашкавалот, извадете ги тиквичките кога ќе се готови и истиот нанесете го, а потоа вратете ги тиквичките да се печатд ополнителни 5 минути, за да се растопи кашкавалот.