Турска лимонада
Денес ви откриваме како да приготвите домашна лимонада според традиционален турски рецепт. Процесот на подготовка е неверојатно лесен, а нејзиниот вкус освојува уште на прва голтка! Совршен освежителен напиток за цело лето, па дури и есен!
Вкупно време30 минути мин
Кујна: Турска
Клучни зборови: лимонада
Порции: 4
- 1 литар минеарална вода
- 1 среден лимон
- 1/4 голем портокал
- 100 гр шеќер
Во врела вода додадете ги шеќерот, кората од лимонот и портокалот, сокот од цел лимон и сокот од 0,25 портокал. Добро измешајте ги состојките заедно, до целосно растопување на шеќерот.
Добиениот напиток складирајте го во ладилникот. Колку подолго лимонадата отстои во истиот, толку побогат ќе биде нејзиниот вкус.