Растворете го квасецот заедно со шеќерот во половинакафена шолја топла вода и измешајте.
Во соодветен сад, пресејте го брашното, додадете сол покраевите, направете вдлабнатина и во внатре скршете го јајцето, додадете гокиселото млеко, во кое претходно сте ја измешале содата. Додадете го и преснотомлеко и на крај, смесата со квасецот.
Додадете и сосема малку масло за готвење, околу 1 супеналажица во самото тесто. Измешајте со лажица, до добивање на меко и лепливотесто. Замесете го уште малку тестото и пржете.
Тестото треба да е лепливо. Може да го оставите да отстои10 минути, но можете и веднаш да започнете со пржењето.
Во сад исипете малку масло за готвење, во кое ќе гипотопувате рацете, за да полесно ги оформите мекиците. Одделувајте топчиња одтестото, со големина на орев, формирајте мекици и додадете ги во маслото да сепржат. Пржете на не многу силен оган, со цел тестото да не изгори пребрзо.
Штом ќе се испржат од двете страни, преместете ги нахартија за да се впие вишокот масло.