Чоколадни бисквити без брашно
Замислете си само: Крцкава чоколадна кора комбинирана со мека внатрешност од растопено чоколадо? Со сигурност не постои човек кој би одолеал на ова слатко задоволство!
Вкупно време30 минути мин
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: бисквити, чоколадни бисквити, чоколадо
Порции: 4
- 2 и 1/2 кафена шолја шеќер во прав
- 3/4 кафена шолја какао во прав
- 2 чоколади по ваш избор, исечени на парчиња
- 1 прстофат сол
- 4 белки
- Половина кафена лажица екстракт од ванила
Во длабок сад измешајте ги шеќерот, солта и какаото.Додадете ги белките и ванилината есенција и добро измешајте ги сите состојкизаедно. На крај додадете ги парчиња чоколадо и повторно измешајте.
Со помош на обична лажица или лажица за сладолед оформетемали колачиња и истите поставете ги во сад, во кој претходно е поставенахартија за печење. Поставете ги чоколадните бисквити да се печат 10 минути вопретходно загреана рерна на 180°C.