Палачинки „Трите шолји“
Доколку досега ве плашело приготвувањето на палачинки и сте имале бројни неуспеси, денес со вас го споделуваме најдобриот рецепт, со кој е невозможно да погрешите!
Вкупно време20 минути мин
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: палачинки
Порции: 4
- 1 шолја врела вода
- 1 шолја пресно млеко
- 1 шолја брашно
- 2 јајца
- 1 кафена лажица сол
- 1 супена лажица шеќер
- 40 мл растително масло
Земете длабок сад и во истиот скршете ги јајцата, додадете ги солта, шеќерот и растителното масло и со миксер, добро измешајте ги состојките, до добивање на мазна смеса.
Без да го исклучувате миксерот, наеднаш исипете ја целата врела вода, а потоа и млекото.
Додека продолжувате да мешате, исипете ја и последната состојка – брашното. Измешајте до добивање на една соединета мазна смеса.
Премачкајте ја специјалната тава за палачинки со маслиново масло.
Со црпалка исипете внатре од тестото и испржете ги палачинките, по 1 минута за секоја страна поединечно.