Покријте го дното на садот со хартија и подгответе ги бисквитите и 200 мл сируп. Потопете ги бисквитите во сирупот (компот) од праски до половина и веднаш поставете ги на дното од садот, покривајќи го целото.
Потопете 20 гр желатин во 100 мл сируп од праски. Откако истиот ќе реагира, изматете ја павлаката до густа пена и продолжете да матите, додека притоа додавате малку шеќер во прав. Оставете го кремот да отстои.
Затоплете го желатинот, додека целосно не се раствори и кога малку ќе се излади, измешајте го со киселото млеко. Следно, постепено додадете ја павлаката и измешајте го сето заедно со исечените праски.
Нанесете го кремот со праски врз бисквитите и оставете ја тортата да отстои во ладилникот на час и половина.
Кога киселото млеко ќе се зацврсти, пригответе го желето
од праска: Во 350 мл сируп загрејте 15 гр желатин, за да се раствори. Оставете да се излади и исипете го врз слојот од киселото млеко. Вратете го десертот во ладилникот за да се зацврсти дополнително, околу 1 час.
И за последно, најодозгора нанесете сомелени бисквити, за да го декорирате вкусниот десерт и сервирајте.