Денес со огромно задоволство ви ги споделуваме тајните на традиционалните англиски бисквити, кои одлично одат во комбинација со чај или кафе.

Лесно е човек да се вљуби во овој десерт, поради неговата уникатна смеса во која се застапени и шеќер и сол, а истовремено постапката на приготовка се одвива во 3 едноставни чекори.

Ѕвездени бисквити

Потребни состојки

  • 200 гр путер
  • 200 гр мајонез
  • 1 јајце
  • 180 гр шеќер
  • 550 гр пченично брашно
  • 2 гр ванила
  • Половина кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица сода бикарбона или пециво

Начин на подготовка

Оставете го путерот да отстои на собна температура, неколку часа пред правењето на десертот. Кога истиот ќе омекне, измешајте го со мајонезот. Потоа, додадете го шеќерот, солта, јајцето и ванилата и добро измешајте ги состојките, до добивање мазна смеса.

Пресејте го брашното и пецивото во течната смеса и замесете го тестото. Следно, додадете ја смесата во слаткарски шприц.

Разделете го тестото на мали колачиња, во сад за печење. Печете го десертот 20 минути, на температура од 200°C.

Веднаш по печењето, готовите бисквити ќе бидат меки и сочни, но откако ќе ги оставите да се изладат, тие ќе станат неодоливо крцкави!