Скоро 40% од нас носат пижами во кревет и речиси секој ќе се согласи дека нема ништо пријатно спиењето во неговиот омилен пар топли пижами во зимскиот период. Но, она што ќе избереме да го носиме во кревет, всушност може да влијае на нашиот сон, изгледот, па дури и на здравјето.

Ако вашите меки пижами предизвикуваат прегревање на вашето тело во текот на ноќта, тоа може да биде една од причините зошто не може лесно да станете од кревет и притоа се будите уморни. Во продолжение ви откриваме 5 причини зошто не треба да спиете во топли пижами, па дури ниту во зимата:

1. Тоа влијае на квалитетот на вашиот сон

Спиењето во премногу топли пижами значи дека можете да поминете немирна ноќ бидејќи вашето тело треба да ја одржува вистинската температура во текот на целото спиење. Идеална ткаенина за време на спиење е памук, бидејќи истиот дозволува на кожата да дише и ви помага да се чувствувате удобно. Друг одличен избор за материјал за ноќна облека е ленот, кој дише и апсорбира, но не е мек како памукот.

2. Може да ви создаде мозолчиња

Кога се потите во сон, тоа може да доведе до специфичен вид на пробив во форма на мозолчиња од пот. Комбинацијата на топлина и триење од вашите испотени пижами може да предизвика затнати пори, што пак, ќе ви придонесе за поголема иритација на кожата. Избор на пижами направени од ткаенина од бамбус може да помогне во спречување на појава на акни, бидејќи оваа ткаенина има антимикробни својства. Дури е помека и поапсорбирачка од памукот и може да биде токму она што ви треба за да спиете квалитетно.

3. Може да предизвика инфекции

Ако се потите навечер, имате поголеми шанси да развиете инфекција на кожата. Бактериите растат подобро на влажни и темни места и кога се покривате со слоеви топла облека и ќебе, всушност можете да создадете совршено тло за микроби.

4. Може да влијае на репродуктивното здравје

Според истражувањето, мажите кои не носат долен дел од пижами навечер, можат да го подобрат квалитетот на спермата. Кога одите во кревет облечени во тесна долна облека или топли пижами, најверојатно ќе се испотите во пределот на гениталиите. Исто така, може да влијае на плодноста на жените бидејќи вишокот пот може да доведе до воспаление и инфекции.

5. Го спречува вашето тело природно да ја регулира својата температура

Ако ви е премногу топло во кревет, вашата основна температура нема да може да падне, што ќе ве спречи да спиете добро. Имањето пониска температура во текот на ноќта му помага на вашето тело да закрепне подобро, па дури може да го зајакне и метаболизмот. Ако сакате да носите нешто друго освен памучни пижами, свилата може да биде добар избор. Таа е природен термички регулатор и може да ве загрее во студените зимски ноќи благодарение на топлината што се чува помеѓу свилените нишки, создавајќи ефект на изолација.