Доколку секое утро ви започнува со шолја кафе, тогаш ќе се изненадите колку малку знаеме за овој популарен напиток. Најпрво, мора да го консумираме умерено, а второ, веќе не мора да го пиете со шеќер.

Природното кафе со додавање на лажица мед во истото создава една моќна комбинација, која во Англија се користела уште во 16-ти век, а денес ви откриваме зошто треба да го примените овој рецепт во вашето секојдневие:

Придобивките од кафето со мед

Најпрво, треба да се разбие митот дека консумирањето кафе не е здраво. Всушност, 2 шолји кафе дневно имаат стимулирачки ефект за кардиоваскуларниот систем, што воедно го намалува ризикот од срцев удар.

Самото кафе не е толку штетно, колку шеќерот додаден во истото. Што ќе се случи, доколку наместо шеќер, додадете мед?

Медот се состои од повеќе од 60% фруктоза и глукоза, а застапеноста на минералите достигнува дури 4%.

Доколку додадете мед кон изладено, но не и сосема студено кафе, тоа ќе ви помогне да ги зачувате витамините, кои инаку исчезнуваат во топлата вода. Воедно, покрај тоа ќе се запазат ензимите и огромно количество на група од Б витамини, железо, магнезиум, фосфор и калциум уште повеќе ќе го збогатат вашиот ароматичен напиток.

Кафето со мед воедно се карактеризира со голем број на антиоксиданти, воедно кофеинот ќе ви помогне во борбата против кашлицата и настинката, а медот со неговиот ублажувачки ефект, успешно ќе се избори против разните воспаленија.

Не само во Англија, туку и во Турција, оваа уникатна комбинација веќе 1.000 години се користи како лек, само што тие додаваат и лук, за да ја зголемат неговата лековита моќ.