Во средновековна Азија постоела „слатка“ традиција при која стапалата на девојките биле завиткувани во претесни фластери за да се спречи нивниот раст.

Тоа секако резултирало со бројни повреди и појава на здравствени проблеми. Дали сметате дека нешто се променило оттогаш?

Денес работодавачите често бараат од вработените жени да поминуваат 5 дена во неделата, носејќи чевли со висока потпетица, што лесно доведува до деформитет на стапалата.

Но, истовремено, жените денес се подготвени да се откажат од ваквата неудобност и се почесто ги заменуваат високите потпетици со патики, кои дури веќе ги облекуваат и за свечени настани.

Дали жените се против чевлите со висока потпетица?

Најпрво и најважно, жените претстанаа да даваат своја согласност за деформирање и повредување на своите стапала, во име на стандардите за убавина.

Од неодамна, јапонската Интернет кампања „#KuToo“ ја шокираше светската популација, бидејќи тамошните жени гласно и јавно побараа од своите работодавачи да им дозволат да носат удобни патики или рамни чевли на работното место.

Името на кампањата е инспирирано од кампањата #МеToo, при која жените јавно споделуваат за ситуациите во кои се соочиле со с**суално вознемирување. Во кампањата против високите потпетици, зборот „Ku“, доаѓа од јапонските изрази „kutsu“- чевли и „kutusu“ што означува болка.

Дури и Холивудските ѕвезди се подготвени да се откажат од неудобните чевли со висока потпетица

По некое непишано правило, Холивудските актерки и сите дами од јавната сфера на црвениот тепих треба да носат гламурозни чевли со висока потпетица. Но, веќе играта се менува. Така, во 2018-та година, за време на Канскиот филмски фестивал, актерката Кирстен Стјуарт ги соблече своите чевли и гордо позираше пред зачудените фотографи.

Ѕвездата не е единствена. Со слична постапка актерките Тифани Хадиш и Маја Рудолф, за време на Оскаровската забава во 2018-та година, го привлекоа вниманието, ослободувајќи се од неудобните гламурозни чевли.

И лекарите всушност ги поддржуваат овие бунтовни дами

Лекарите продолжуваат да ги потсетуваат жените дека носењето на чевли со висока потпетица често резултира со сериозни здравствени проблеми. Неприродната положба на стапалата го предизвикува гравитацискиот центар постојано да се менува, при што на предниот дел од стапалата им натежнува многу поголема тежина од вообичаената, а тоа им штети и на самите мускули.

Како резултат на тоа, жените стануваат посклони кон соочување со артритис, артроза, отекување, рамни стапала, проширени вени, а неретки се и проблемите со болка во грбот.

За оние кои с è уште не се подготвени да се откажат од своите омилени чевли со висока потпетица, лекарите препорачуваат

  • Избирајте чевли со подебела потпетица. Таквите чевли на еден начин подобро ја одржуваат рамнотежата на тежината и го намалуваат ризикот од болки во зглобовите
  • Избегнувајте чевли со претесни врвови, кои ги притискаат и деформираат прстите
  • Секогаш избирајте го вистинскиот број за вас, а не поголем. На тој начин ќего спречите неконтролираното лизгање на стапалата напред, што може да резултира со појава на сериозни рани и крварење
  • Често практикувајте вежби кои ќе ги зацврстат вашите мускули и зглобови

Продажбата на спортските обувки постојано се зголемува

Продажбата на патики постојано расте, а бизнисот цвета. Во 2014-та година, компанијата Најк заработила повеќе од 16 милијарди долари од продажбата на спортски обувки, додека Адидас заработил повеќе од 9 милијарди. Минатата година, овие брендови заработиле меѓу 13 и 23 милијарди долари.

Истовремено, продажбата на чевли со висока потпетици опаднала за 11% и тоа само во 2017-та година, што значи дека минатата и оваа година, падот на продажбата е значително поголем.

Што предизвика зголемена популарност на патиките?

Маркетингот овде има огромна улога. Самите компании ги научија своите потрошувачи на патиките не да гледаат како обични обувки, туку како на уметнички дела. Со самото тоа што луѓето ги претпочитаат патиките бидејќи се поудобни, сега можат да ги најдат во секаква верзија, скроена за сечиј вкус. А тоа ги прави совршени- Изгледаат супер и даваат удобност.

Воедно брендовите знаат дека светот ја обожава популарнат култура, па така во 2018-та година Адидас лансираше колекција инспирирана од серијата „Игра на тронови“, поради што продажбата го достигна својот врв.

Патиките како животен стил

Класични бели или пак патики во боја која најмногу одговара со поголемиот дел од вашата облека, боја на коса, боја на лакот за нокти итн. Денес, буквално можете да најдете секакви дизајни, а ваше е само да си ги замислите.

Љубовта кон патиките кај некои луѓе прерасна во вистинско колекционерство, па дури трпеливо чекаат цела година за да излезе во продажба некоја посебна серија на патики, дизајнирани од популарните брендови.

Па, кој ќе биде победникот, патиките или чевлите со висока потпетица?

Добра вест за сите потрошувачи е тоа што дизајните на чевлите сè повеќе стануваат удобни и еколошки. А од Олимписките игри во Лондон, од 2012-та година, плетените чевли станаа многу популарни.

Уште една техника која се соочува со забрзан развој е техниката на 3Д-принтање, што им овозможува на потрошувачите да ги создадат совршените обувки за нив, кои земајќи во предвид повеќе фактори, најмногу би биле соодветни за нивните стапала.

Можеби чевлите со висока потпетица наскоро ќе станат мината работа и комплетно ќе исчезнат од модните писти, но останува да видиме.

Што претпочитате да носите вие, патики или чевли со висока потпетица?