Женска фантазија, која ја шокираше машката популација!

Всушност, не станува збор за вообичаените работи, за кои мажите претпочитаат да мислат.

Жените секојдневно ги оценуваат со плус и минус, сите односите, вклучувајќи ги и интимните, кои ги имаат со својот партнер. Неодамнешно истражување, во кое беше опфатена група од 1400 мажи и жени, откри за што всушност размислуваат 53% од жените.

Стереотипното традиционално мислење е дека жените размислуваат за брак и како да бидат добри сопруги, нели? Но, најверојатно никогаш не сте ни помислиле за ова.

Всушност жените размислуваат за разделба од својот партнер.

Нежниот пол е многу поподготвен за овој чекор, за разлика од мажите. Жените секојдневно, рутински разгледуваат и размислуваат за предностите и недостатоците т.е плусевите и минусите во нивната врска со партнерот, пред конечно да донесат одлука дали целата врска им се исплати емоционално.

Причина за ваквите и слични фантазии може да биде сегашната состојба на нивната врска. Но, доколку истата не се промени во блиска иднина, тогаш резултатите нема да бидат добри.

Истовремено изненадувачки факт е што 35% од жените инцирале развод од своите сопрузи, само поради различните политички ставови.

Една четвртина од испитаничките посакале развод поради лошиот с*кс, а веднаш потоа следуваат причините како љубомората и недостатокот од доверба во својот партнер.

Се случувало и едниот партнер да се откаже од другиот поради зголемување на тежината или недостатокот од чувство на привлечност.

Доколку постојат такви индикатори дека вашата партнерка размислува за разделба, најпрво обидете се да ја откриете и разберете причината, што е тоа што претставува проблем во вашата врска и брак, а воедно за кое досега не било тема на разговор меѓу вас двајца или пак едноставно не сте го сметале за нешто сериозно.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *