Љубомората може да ја претвори и најубавата врска во пекол, но повеќето од нас едноставно не можат да си помогнат. Кога станува збор за истата, најмногу среќа имаат жените во овие три хороскопски знаци, а со тоа, се подразбира, и нивните партнери.

Еве кои 3 дами од хороскопот никогаш не се љубоморни:

1. Овен

Жените родени во знакот на Овен не се љубоморни затоа што љубомората е знак на несигурност, нешто што тие одбиваат да го имаат. Жените Овен се премногу зафатени работејќи на самите себе, одејќи на забави и дружејќи се со што е можно повеќе луѓе, па затоа всушност немаат време за љубомора.

2. Стрелец

За овие жени со слободен дух  чудно е да сакаат воопшто да бидат во врска, но кога ќе бидат во една, не се занимаваат со работи кои не се важни. Жените во овој знак живеат во моментот, а љубомората за нив би значела дека треба да излезат од моментот, што во никој случај не е опција.

3. Водолија

Жените во овој хороскопски знак знаат дека би било страшно секој нивен чекор и однос да биде доведен во прашање, па затоа исклучително ја почитуваат слободата на другите. Тие се независни и фокусирани на себе, па да бидат љубоморни на некој друг, едноставно не е нивна природна реакција.