Џејза Гери е родена со ретко нарушување што предизвикува нејзината кожа да лупи на секои две недели. Сепак, тоа не ја спречи оваа жена да води релативно нормален живот и да ги исполнува нејзините соништа.

Џејза ​​дури стана и фотомодел, а нејзините фотографија се најдоа и во италијанскиот Вог.

Оваа млада жена е родена со ламеларна ихтиоза, редок проблем со кожата, што во просек се појавува кај 1 човек во 100.000 луѓе. Лекарите не можеле да го утврдат нејзиното заболување, па првите недели од раѓањето Џејза ги поминала во болница. Кога имала само неколку месеци, нејзината баба ја однела кај матичниот лекар, кој предложил да се направат подетални прегледи.

“Сфатив дека сум различна кога забележав дека моите родители се однесуваат многу внимателно, но само кон мене. Луѓето ме гледаа чудно кога бев надвор со мајка ми. Тоа ја измачуваше. Секогаш велеше дека не е пријатно луѓето да упатуваат такви погледи кон мене.“- објаснува Џејза, која истовремено открива дека нејзината мајка морала да им објасни на нејзините соученици дека кожата на Џејза се лупи и се менува многу како кај гуштерите и змиите.

Таа е среќна што нејзината мајка секогаш се обидувала да й помогне и што секогаш се трудела Џејза да има нормално детство, како и сите останати деца.

Џејза исто така не се поти, па затоа не е добро да биде надвор кога е топло. Мора да  излегува со чадор, за да се заштити од Сонцето, а со тоа мора да има и крем со заштитен фактор во било кое годишно време. Кога била во средно училиште, користела многу шминка, но сега вели дека сфаќа дека нејзината кожа е уникатна и еден вид уметност.

Минатиот Септември, таа доби покана од една модна агенција и  набзро стана фотомодел, воедно и првиот модел со ова заболување.