Сели Геар планирала да спаси 140 животни, од Карибите и да ги донесе во САД. Но, успеала да спаси дури 400 кучиња и мачки само два дена пред островот да биде погоден од катастрофалниот ураган Марија. Сели преку нејзината организација успеала да собере околу 100.000 долари за да плати авион за да се пренесат животните. Сега животните се наоѓаат на фарма во сопственост на Сали и чекаат да бидат посвоени или пак вратени на претходните сопственици доколку тие го побараат тоа.

Сели имала огромна желба да им помогне на животните затоа што ураганот Хуго, од 1989 година ја оставил неа и нејзиното семејство на улица. Откако Ирма ги уништила Карибите Сели веднаш се упатила таму за да им помогне на животните. Но, не очекувала дека веднаш по Ирма ќе следи и ураганот Марија и нејзиниот живот и животот на нејзините соработници бил ставен во опасност.

Добронамерната жена донирала голем дел од сопствени пари, а останатите биле обезбедени од донации, во вид на парични средства и во вид на пластични кутии за мачки и кучиња во кои животните ќе можат безбедно да патуваат. Сели е благодарна за хуманоста на луѓето и признава дека била изненадена од голема заинтеренсираност. Таа изјавила дека се решила да го направи овој потег затоа што „некој морал да го направи тоа“. Благодарение на Сели, „крзнените бегалци“ сега се на безбедно.