Жената долго време се сомневала дека сопругот ја изневерува и постојано се чувствувала несреќна во бракот, при што решила да ја открие вистината по секоја цена.

Кога Рита, која воедно е мајка на четири деца, започнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг Стив ја изневерува, срцето веќе започнало полека да се крши на парчиња.

Се започнало кога нејзината сестра Лариса се вселила во домот на Рита и семејниот живот во почетокот бил идиличен.

Семејната идила траела сè до една вечер кога Лариса излегла да се забавува, а по многуте испиени алкохолни пијалоци, таа се вратила дома во пијана состојба. При самиот влез, се судрила со Стив и по само неколку моменти, и двајцата понесени од страст, започнале да се бакнуваат.

Следното утро Лариса била многу збунета и се прашувала зошто така постапила, но истовремено, тоа не бил нивниот последен бакнеж. Романсата меѓу двајцата започнала да се развива и за само неколку месеци, Лариса била премногу вљубена во Стив.

Рита започнала да се сомнева и сметала дека е малку невообичаено што нејзиниот сопруг поминува многу повеќе време со нејзината сестра, но не кажала ништо, бидејќи мислела дека најверојатно нешто погрешно сфатила.

По одреден период, тајната врска добила неочекуван пресврт- Лариса забременила, а бидејќи таткото бил Стив, откако се родило детето, на сите им раскажала дека не знае кој е таткото.

Но, на Рита се посомневала во нејзините тврдења, бидејќи никогаш не ја видела Лариса со некое момче. Само едноставно кога си дошла од работа еден ден, Лариса соопштила дека е бремена, а Стив бил изненадувачки, многу среќен што сестрата на неговата сопруга ќе има дете.

Рита започнала уште повеќе да се сомнева и да се загрижува. Но, за доброто на детето, за време на бременоста, одлучила да не презема ништо.

Но, на денот на самото раѓање, кошмарот на Рита се претворил во најлошата реалност.

Кога го земала нејзиното внуче во раце, ги потврдила сомнежите. Детето не само што личело неверојатно многу на Стив, туку и на самите нејзини деца, како кога тие биле бебиња. Тоа биле премногу детали, за да бидат чиста случајност.

Кога Лариса со детето пристигнале дома, совеста на новата мајка проработела и се и признала на својата сестра. Личноста која ја сметала за најдобра пријателка сега била личност која многу ја мразела.

Стив и Лариса се иселиле од домот и започнале да живеат заедно на друго место, а некогашните најдобри пријателки и поврзани сестри, сега со години веќе немаат никаква меѓусебна комуникација.

Изневерувањето во бракот е една од најтешките работи со кои може да се соочи изневерениот партнер, а е нешто кое може секому да се случи. Болката е дополнително поголема, доколку партнерот ве изневерил со личност која ја познавате.