Каналот Јутуб е одлична работа за стекнување нови знаења, како што се поправка на мали работи околу куќата, шминка, фризури и слично. А сега оваа платформа им помага на луѓето да откријат и скапоцени камења.

Минатиот Петок, една жена од Тексас откри голем жолт дијамант додека гледаше упатство на Јутуб, токму за наоѓање скапоцени камења.

27-годишната Миранда Холнгсхед за прв пат минатата недела го паркот „Кратер на дијаманти“, во Арканзас, САД, за да се забавува со нејзините родители и роднини. Според објавата на веб-страницата на паркот, Холнгсхед го истражувала просторот од околу петнаесет хектари за еден час пред да се одмори и да ја вклучи апликацијата Јутуб.

„Седев во сенка гледајќи видео на Јутуб за наоѓање дијаманти. Го погледнав своето дете и кога погледнав надолу, видов дијамант во мешавина од други камења “, вели таа.

Според претставникот на паркот, Вајмон Кокс, дијамантот што го пронашола жената веројатно излегол на површина потткнат од последниот дожд, што го направик лесно видлив. „Миранда едноставно се најде на вистинското место, во вистинско време“.

Кога го покажала дијамантот пред семејството, таа го однела во Центарот за откривање дијаманти, каде вработените во паркот утврдие дека станува збор за жолт дијамант од 3,72 карати. Холнгсад и нејзиниот син го нарекоа дијамантот „Каро Авенџер“.

Ова е најголемиот дијамант пронајден во овој парк од Март 2017 година, кога тинејџер пронајде кафеав скапоцен камен, тежок 7,44 карати.