Дали сте се прашувале како е чуството да ве касне животно? Како што можете да замислите, има животни кои гризат силно за да се одбранат или како форма на напад. Сепак, не сите животни се способни да гризат многу силно, па тука се јавува прашањето дали тие ве гризнале злонаменор или сакаат да си играат со вас?

Како и да е, Јелена Воер на Твитер одговори на прашањето: како е да ве каснат разни животни?

Коза

Генерално меко гризнување, честопати придружено со жито во устата. Формата на усните го прави целото искуство прилично слатко. Лоша страна е можно стегнување на забите, што ќе го направи искуството прилично болно.

Оценувам: 4/5

Еж

Ретко е еж да ве касне, освен ако не му ја понудите испотената раката на еж кој во моментот е желен за сол. Кратко остро пецкање без трајни ефекти.

Оценувам: 5/5 затоа што е слатко

Коњ

Каснување со променлив квалитет, поради недостаток на стандардизација кај коњите во однос на големината и состојбата на забите, а да не ја спомнувам јачината на вилицата. Се движи од границите на палава љубов до „помош ми го одгриза прстот“.

Оценувам :1 – 5/5, зависи.

Хрчак

Повеќе како предјадење него ли главен оброк, болно, но кратко и локализирано. Хрчакот обично е потрауматизиран од искуството отколку човекот.

Оценувам: 3/5

Домашна мачка

Честопати игриво и слатко гризање. Плунковните бактерии можат да предизвикаат грозни последователни ефекти, но најчесто нема да ве гризнат доколку не ги провоцирате, или можеби ќе ве гризнат, не се знае со мачките…

Оценувам: 0/5 затоа што се преслатки!

 Папагал

Агресија или маникир? Ова грицкање се фокусира на ноктите и кутикулите, но непедантноста не ни дозволува овој „третман да го замениме со маникир„,за жал. Сепак, забавно е да ги гледам како се обидуваат.

Оценувам: 4/5