Некои рецепти се толку добри што секој во светот заслужува да знае кој стои зад нив.

Кетрин е погребана заедно со нејзиниот сопруг Вејд, на гробиштата Логан во Јута, САД, но нејзиното име стана познато низ целиот свет благодарение на сликите споделени на интернет од нејзиниот надгробен споменик на кој што заедно со датумите на нејзиното раѓање и смрт, има необичен додаток- нејзиниот рецепт за домашни колачиња.

За жената, која ја нарекувале Кеј, се вели дека „навистина сакала луѓе и секогаш ги имала најубавите домашни колачиња“.

Кеј пораснала во Солт Лејк Сити, а со Вејд се сретнала во црква во Њујорк. Тие се венчале на 18 Декември 1944 година и останаале заедно додека Вејд не починал во 2000 година.

Вдовицата помогнала да се изберат симболи за надгробната плоча кои ќе го отсликуваат нејзиниот сопруг, а нејзините деца педложиле да избере и нешто што ќе ја претставува неа, па така таа решила да го изгравира својот рецепт за колачиња.

Кеј почина во 2019 та година на 97-годишна возраст.

Рецептот гласи:

2 коцки чоколадо и 2 лажици путер се топиат на ниска температура, се додава чаша млеко и се чека да зоврие, потоа се додаваат 3 чашки шеќер 1 лажичка ванила и малку сол, се остава уште малку па се префрла во друг сад да се олади.