Жена во Њу Орлеанс е уапсена, откако одбила да ги врати 1,2 милиони долари, кои по грешка биле депонирани на нејзината брокерска сметка.

Келин Спадони беше приведена во Средата, на 7 Април, обвинета за кражба на над 25.000 американски долари, банкарска измама и незаконско пренесување на парични средства, според извештаите.

Наводните прекршоци се случиле откако корпорацијата за финансиски услуги случајно префрлила повеќе од 1,2 милиони долари на нејзината сметка, наместо предвидените 82 долари.

Властите тврдат дека 33-годишната Спадони веднаш ги префрлила парите на друга банкарска сметка, пред да потроши дел од нив на нов автомобил и нова куќа.

Кога од банката се обиде да ги вратат парите, откако сфатиле дека трансферот е грешка, барањето беше одбиено бидејќи парите веќе не биле достапни на сметката.

Спадони, која работи како диспечер во полиција во Џферсон, исто така е отпуштена од работното место по апсењето.

Капетанот Џејсон Ривард, од канцеларијата на шерифот, рече: „Не се тоа нејзини пари. Таа нема правно на тие пари. Дури и ако биле ставен таму по грешка, тоа било сметководствена грешка“.

Во меѓувреме, Спадони исто така се соочува со граѓански пријави, откако компанијата за финансирање покрена постапка против неа затоа што ги игнорирала кога се обиделе да ги повратат парите.

Компанијата поднесе тужба против неа во Вторникот, на 6 Април, тврдејќи дека биле направени неколку обиди за контакт со 33-годишната девојка во текот на неколку недели, но таа не одговорила на ниту еден.