„Мојата свекрва е прекрасна жена, а воедно и одлична домаќинка. Од неа научив бројни вкусни деликатеси, а еден од нив се неверојатните топки од компир.“

За денес ви откриваме рецепт за едно едноставно, а чудесно јадење, кое никого не остава рамнодушен и поради кои многумина со право забораваат на здодевните диети.

Една од супер придобивките на рецептот е тоа што овој специјалитет може да го приговите и тогаш кога ќе ви остане повеќе пире од ручекот, при што е одлична идеја како да го искористите истото.

Вкусни ќофтиња од компири

Потребни состојки

  • 6-7 мали компири
  • 70 гр кашкавал
  • 1 јајце
  • 1 лук
  • Лебни трошки
  • Сол по ваш вкус
  • 20 гр масло за готвење

Начин на подготовка

Најпрво потребно е да ги приготвите компирите. Измијте ги, исчистете ги добро и сварете ги во солена вода. Исцедете и почекајте да се изладат.

Следно, излупете и сомелете ги изладените компири. Изрендајте го кашкавалот. Измијте го и лукот, излупете го и исечете го на тенки парчиња.

Во сомелените компири, додадете го јајцето, а потоа и ренданиот кашкавал и исечениот лук и измешајте ги добро сите состојки заедно.

Од добиеното тесто од компири, формирајте точиња т.е ќофтиња. Добро измешајте ги во лебните трошки, а на нивната површина направете линии во форма на решетка.

Поставете ја тавата на средна температура и загрејте го маслото.Може да додадете и коцка путер. Следно, поставете ги ќофтињата да се пржат, при што обратете внимание тие да бидат добро приготвени и од двете страни подеднакво.

Пријатен апетит!