Некои ги претпочитаат само со зеленчуков фил, додека пак други ги обожаваат со месо. Но, зошто да се ограничите на само две опции, кога истите може да ги комбинирате во една заедничка?

Следниот рецепт е доказ дека ваквата комбинација ќе даде фантастични и вкусни резултати!

Палачинките со мелено месо, се приготвуваат многу брзо и лесно, а благодарение на една тајна состојка, тие стануваат посочни и буквално се топат во уста!

Палачинки со мелено месо

Потребни состојки

  • 300 гр пченично брашно
  • Прстофат сол
  • 1 јајце
  • 120 мл вода
  • 250 гр мелено месо
  • 250 гр тиквичка
  • 1 кромид
  • Мелен црн пипер и лут чили зачин по ваш вкус
  • Сончогледово масло за готвење, по ваш вкус

Начин на подготовка

Измешајте го брашното со солта, потоа доадете јајце и вода. Добро измесете го тестото и формирајте топка, а потоа тестото завиткајте го во пластична ќеса. Оставете да отстои 20 минути.

Изрендајте ги тиквичките и посолете ги со сол. Исечете го кромидот на тенки полукругови и одозгора нанесете малку сол и шеќер. Измешајте ги состојките со рака.

Подгответе го меленото месо по ваш вкус, а потоа измешајте го со кромидот и тиквичките. Потребно е претходно да ги прецедите зеленчуците.

Премачкајте ја работната површина со масло за готвење, а истовремено со маслото, премачкајте го и тестото. Исечете го истото на половина и направете го колку што е возможно потенко и повторно премачкајте со маслото за готвење.

Поврзете ги левиот и десниот раб во центарот на тестото и се подразибра, во средина од тестото, нанесете го првиот слој од филот. Потоа, истиот покријте го со горниот и долниот дел од тестото. Добиениот праваголник, разделете го на триаголници.

Поставете ги триаголнците во претходно заграна тава. Гответе ги малите пити под затворен капак и на слаб оган, притоа по неколку минути од секоја страна.

Тортиљите треба да добијат златна боја кога ќе бидат веќе готови.

Пријатен апетит!