Многумина многу брзо се откажуваат од приготвувањето на десерти, бидејќи сметаат дека само професионални може да се справат со оваа кулинарска задача.

Се согласуваме дека навистина постојат одредени десерти за кои е потребно повеќе вештина и многу труд, но денес ви претставуваме врвен рецепт, кој може секој да ги приготви, а кој ќе ви одземе само 10 минути, а кој ќе ве освои со неговиот богат вкус!

Брза и вкусна пита со јаболка

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • 150 гр пченично брашно
  • 3 супени лажици кисело млеко
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 100 гр шеќер
  • 2 јаболка

Начин на подготовка

За да го приготвите тестото, измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете го и киселото млеко и повторно добро измешајте ги состојките. Следно, додадете ја и содата со пресеаното брашно и пак промешајте ја смесата.

Измијте ги јаболката, излупете ги, извадете ја нивната срцевина и исечете ги на мали коцки.

Поставете ги исечените јаболка во садот, притоа во микробранова печка, а одозгора покријте ги истите со тестото.

Печете ја питата во микробрановата, 10 минути на најголема моќност, а со чепкалка за заби може да проверите дали тестото готово. На крај, ви предлагаме да подготвите една чинија и свртен наопаку, така да го поставите десертот во истата. Декорирајте по ваша желба.

Пријатен апетит!