Микробрановата печка е еден од најчестите употребувани уреди во речиси секој дом, токму поради нејзината практичност и брзина на приготвување на храната, што ја прави одлично решение за секое време.

Но, нејзината пречеста употреба доведува до појава на силен мирис и наталожени масни наслаги внатре во самиот уред, а токму ваквата нечистотија повеќето забораваат веднаш да ја отстранат и наслагите може да се таложат со месеци. Токму затоа, потоа чистењето на микробрановата печка е еднакво на невозможна мисија.

Но, без грижи, денес ви откриваме неверојатно лесен и генијален трик, благодарение на кој чистењето на микробрановата печка ќе ви одземе само неколку минути!

Брзо и ефикасно чистење на микробрановата печка

Влажните марамчиња се еден од најкористените производи во нашето секојдневие и се решение за многу мали проблеми. Редовно ги употребуваме за дезинфекција на рацете, за бришење на разни предмети, како и за нега на нашите најмали. Сега ви откриваме како со истите да ја исчистите и микробрановата печка.

Земете пакет бебешки влажни марамчиња и извадете 7-10 парчиња и истите поставете ги во микробрановата печка. Колку повеќе валкан и мрсен е уредот, толку повеќе марамчиња ќе ви бидат потребни.

Откако ќе ги поставите внатре, затворете ја вратата на уредот и загрејте ги марамчињата на 2 минути, при нормален режим. По одредено време, целата влага од марамчињата ќе испари и ќе застане на ѕидовите од уредот.

Носете ракавици, за да не се изгорите од затоплените марамчиња. Потоа земете нови и лесно избришајте ја целата површина за да ги отстраните преостанатите масни наслаги.

Не е неопходно да користите дополнителни хемикалии, а на овој начин, вашата микробранова печка за минута време ќе биде блескава и чиста, како нова!