Одржувањето на совршена чистота во домот е тешка задача. Дури и по темелно чистење, прашината на полиците се повторно се познава веќе следниот ден. Но, денес ви откриваме златен трик.

Благодарение на истиот, ќе го решите овој здодевен проблем, без да вложувате многу труд. Еве како:

Лимонска крпа

Подготовката на лимонската крпа е многу едноставна. Земете 2 средни лимони, измијте ги и исечете ги на тенки парчиња.

Поставете ги парчињата во тегла, додадете 6 супени лажици сончогледово масло, добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 5 дена.

Секој ден, теглата е потребно да се протресува, смесата внатре да се добро да се промешува со лажица, за да се добие колку што е можно повеќе сок.

На крај од периодот, во теглата исипете 1 чаша врела вода.

Добро измешајте и прецедете преку сито.

Исипете ја течноста во мал сад и потопете 2-3 крпи во неа.

Кога крпите целосно ќе бидат заситени од течноста, извадете ги од садот и оставете ги да се исушат.

Со вака подготвените крпи може да бришате и чистите секакви површини во вашиот дом, каде прашината е најчеста.