Колачите отсекогаш биле најлесниот и најуниверзалниот десерт, бидејќи се подготвуваат многу лесно, а повеќето ги обожаваат поради можноста да експериментираат со разни состојки при истите.

Денес ви откриваме рецепт за еден многу уникатен колач, со неверојатен изглед и уште поизвонреден вкус.

„Зебра“ колач

Потребни состојки

  • 1 шолја гриз
  • 1 кг пченично брашно
  • 500 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 2 шолји кисело млеко
  • 3 супени лажици какао во прав
  • 90 гр путер
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • 1 пакетче ванила
  • 1 супена лажица сончогледово масло

Начин на подготовка

Во сад, додадете го киселото млеко, а потоа додадете го и гризот, содата и брашното и добро измешајте ги состојките. Оставете ја добиената смеса да отстои 20-30 минути, да набабри.

Стопете го путерот и измешајте го со шеќерот, ванилата и јајцата. Добиената смеса измешајте ја со првата смеса. Поделете го тестото на 2 дела, при што во едниот дел, додадете го какаото во прав и добро измешајте.

Премачкајте го садот во кој ќе го печете колачот со сончогледовото масло. Потоа, исипете го тестото со различните бои во центарот на садот, како што е прикажано на фотографиите. По желба, со стапче за заби, направете форма на пајажина.

Печете го колачот 35-40 минути, на температура од 200°C. Проверете дали колачот е готов, повторно употребувајќи стапче.

Кулинарски совет: Колачот одозгора може да го декорирате со течна чоколада или пак овошен прелив, по ваша желба.