Речиси секој може да има корист од посета на дерматолог. Дерматологот може да помогне уште во бебешка возраст кога се јавува црвенило на кожата, на тинејџерите да ги контролираат акните и да го подобрат изгледот на кожата, на повозрасните преку естетски третмани да го задржат младешкиот изглед и да ја одржуваат кожата здрава и витална, да спречат рак на кожата и слични проблеми.

Изборот на дерматолог е важна и лична одлука, особено ако имате поголем проблем со кожата. Како да го најдете најдобриот дерматолог кој е соодветен за вас? Еве неколку важни фактори кои треба да ги имате на ум пред и откако ќе закажете консултации:

1. Земете препораки

Побарајте препораки од семејството, пријателите и другите здравствени работници. Одвојте време за да ги истражите лекарите и искуството на лекарите.

2. Истражете го образованието на самите дерматолози

Има разлика од козметичар и дерматолог. Многу козметичари нудат дерматолошки услуги кои не можат да се споредат со квалитетот на работа кој го вложува тим од специјалисти дерматолози кои имаат завршено соодветно факултетско образование за истата работа.

3. Земете го во предвид искуството

Искуството е важно кога се соочувате со проблеми со изгледот или здравјето на вашата кожа, коса или нокти. Колку повеќе искуство има дерматологот со состојбата или постапката, толку подобри ќе бидат вашите резултати. Ова е особено важно кога станува збор за дерматохирургијата.

4. Истражете ја историјата на ординацијата

Ординацијата на вашиот лекар е и ваша ординација. Поради оваа причина, размислете за квалитетот на грижата во ординацијата каде што дерматологот може да обезбеди нега. Квалитетот на ординацијата е важен за вас, бидејќи пациентите во ординациите со најдобро реноме имаат помалку компликации и успешни резултати.

5. Проценете го нивото на комуникација

Изберете дерматолог кој ви одговара и кој ги поддржува вашите потреби за информации. Кога првпат ќе се сретнете со дерматологот, поставете прашање и забележете како тој или таа реагира. Дали тој или таа ги поздравува вашите прашања и одговара на нив на начини кои можете да ги разберете? За време на посетата, дали се чувствувате удобно? Најдете дерматолог кој покажува интерес да се запознае со вас, кој ќе ги разгледа вашите потреби за третман и кој ќе го почитува вашиот процес на донесување одлуки.

6. Амбиентот во ординацијата

Како изгледа самата ординација? Треба да барате чиста ординација и чекална со пријателски, корисен и добро организиран персонал. Доколку влезете во темна, валкана ординација со непристоен персонал кој постојано ве игнорира, тогаш сигурно нешто не е во ред со тоа место, бидејќи доколку не се грижат за работната околина и вработените, како ќе се погрижат за вас?

7. Ве советува кога мисли дека грешите

Ние не сме експерти кога станува збор за естетскатата дерматологија, но доколку дерматологот без прашања веднаш ја врши процедурата која сте ја побарале без претходно доволно да ве упати на темата, значи дека не се грижи доволно за вас и крајниот резултат. Сетете се дека дури и кога ќе отидете на фризер ве прашува дали сте сигурни за новата фризура. Искусните дерматолози можат да ги претпостават краните резултати од постапките и доколку сметаат дека вашата замисла нема да ве направи задоволни ќе ви дадат професионален совет. На вас останува дали ќе го прифатите.

8. Бирајте прочуени ординации

Добриот глас надалеку се слуша! Доколку името на ординацијата ви е звучно и често го забележувате и слушате додека разговарате со луѓето во вашата околина тогаш сигурно има причина за тоа. Ординациите кои имаат голем број на пациенти се со очигледна причина добри во својата работа.

Дерматолошко естетската ординација Др Анчевски ги исполнува сите овие барања и ви стои на располагање. Во Др Анчевски услугите ги нудат врвни специјалисти дерматовенеролози, кои постојано се надоградуваат и ги следат сите светски иновации од полето на дерматологијата и естетскатата дерматологија. Закажете си преглед и уверете се сами во нивната професионалност.