Беспрекорната кожа и совршеното лице е сон на секоја жена, при што токму за оваа цел, денес ви откриваме рецепт за ефикасна домашна маска со моќен затегнувачки ефект, која ги елиминира несовршеностите и ублажува брчките.

Домашна маска со моќен затегнувачки ефект

Потребни состојки

  • 2 кафени лажици нишесте
  • 1 белка

Начин на подготовка

Изматете ја белката до добивање на пена. Следно, додадете 2 кафени лажици нишесте во белката и повторно добро измешајте ги состојките.

Начин на употреба

Откако ќе добиете хомогена смеса, истата нанесете ја на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето, односно на сите места каде што кожата побрзо старее и ја губи нејзината еластичност.

Кога маската ќе се исуши, нанесете втор слој од смесата, а потоа и трет. Кога сите слоеви ќе се исушат, исплакнете ја маската со вода. За време на третманот е важно да останете мирни и да не зборувате.

Практикувајте го третманот секоја вечер во тек на 21 ден, а потоа започнете да ја нанесувате во текот на денот, наредните 14 дена.

Посакуваните резултати ќе ги добиете за кратко време бидејќи јајцето е чудесна состојка која ефикасно се бори против сите промени на кожата поврзани со стареењето, но и ги елиминира акните, порите, затегнува и осветлува. Додека пак, самото нишесте важи за природен затегнувач на лицето, кој ги елиминира и најдлабоките брчки.