Запознајте се со една индиска супер храна за која веројатно никогаш порано не сте слушнале
Храната се вика моринга, најновото „чудо“ од супер храна кое полека почна да го освојува светот. Моринга е дрво кое расне во подножјето на Хималаите во Индија. Дрвото расте до 15 метри височина, и локалните жители ги берат лисјата и плодовите на ова дрво како храна и лек. Во суштина скоро секој дел од ова дрво има хранлива вредност.
Употребата на ова дрво поради неговата исцелителна моќ датира пред повеќе од илјада години, а од западњаците било „преоткриено“ во четириесеттите на минатиот век. Според повеќе истражувања било заклучено дека ова растение помага во борбата со повеќе од 300 болести.
Се вели дека го зајакнува имунитетот, кардиоваскуларното здравје, го регулира нивото на шеќерот во крвта, содржи анти-воспалителни состојки и е полно со антиоксиданси кои помагаат да се спречи појавувањето на канцерогени заболувања. Исто така содржи и:
- 125% од потребната дневна доза на калциум
- 61% од потребната дневна доза на магнезиум
- 41% од потребната дневна доза на калиум
- 71% од потребната дневна доза на железо
- 272% од потребната доза на витамин А
- 22% од потребната дневна доза на витамин С
Сепак и со употребата на ова растение треба да се внимава. Не се препорачува за бремени жени и доилки. Инаку не е познато дали има контрареакции при употреба заедно со други лекарства.