Дали сте заинтересирни за почеток на кариера во интернационалниот бренд КФЦ?!

Американскиот интернационален бренд KFC официјално најавува влез на македонскиот пазар.

На 09.07.2018 е објавен оглас за HR Officer. Сега се шириме во Македонија и сме во потрага по квалификувани кандидати кои ги делат со нас: нашата визија, вредности и посветеност кон вработените. Планираме да отвориме повеќе од 15 ресторани во Македонија и да овозможиме еднаква шанса на сите да се развиваат на професионално ниво. – Стои во огласот објавен од КАН Интернатионал ДООЕЛ.

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. Еден од најголемите ланци на ресторани во светот со повеќе од 20,000 ресторани во повеќе од 100 држави. Ресторанот го нуди познатион заштитен рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кое се прават пилешки сендвичи, врапови, бургери и други пилешки специјалитети познати за овој ресторан. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат за работно место на следиот линк:

https://kariera.mk/job/IdGfrPPmBkOwMy1gFzoGdw/hr-officer