72-годишната Аламеда Ерел е омажена за 19-годишниот Гари Хардвик. Тие двајца речиси секојдневно објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм, со што реакциите на корисниците се неизбежни.

По 43 години брак, Аламеда останала вдовица, но и покрај ова, таа сметала дека сè уште не е доцна да пронајде нова љубов и повторно да започне да го живее својот живот.

Токму на роденденот на еден заеднички пријател, Аламеда го запозна 19-годишниот Гари. Гари открива дека едноставно веднаш бил воодушевен од впечатливите сини очи и цврстиот карактер на Аламеда.

Бидејќи самиот себеси се смета за доста зрел човек, Гари не дозволил огромната разлика во годините да влијае на нивната љубов. Иако семејствата на парот на почетокот не биле премногу воодушевени од веста за нивната љубовна врска, сепак денес внуците на Аламеда признаваат дека е навистина интересно да го именуваат Гари како „дедо“.

Што мислите вие за ваквите бракови? Дали тоа е навистина љубов?