Летото е секогаш идеалниот период за освежителните алкохолни пијалаци „зачинети“ со малку мраз. Секако прво што ни паѓа на ум е како пиеме коктели на некоја далечна плажа направени од егзотични плодови, но реалноста е поинаква. За ваквите коктели е потребно време и вештина за да бидат направени и секако скапи состојки кои не секогаш можеме да ги најдеме во свежа верзија на нашите простори. Па тогаш што ни преостанува за да го добиеме најдоброто од „двата светови“?

Постои решение да ги вкусиме тропските и освежителните вкусови кои толку многу ги посакуваме, а сѐ што треба да направиме е да го отвориме шишето и забавата може да започне. Новото овошно ароматизрано вино со различни вкусови VOLIM е вистинскиот избор за жешките летни денови.

Не мора воошто да сте плажа, овошното вино VOLIM ќе ја внесе тропската атмосфера и во вашите домови. Постојат најразлични ароми за сите вкусови. Останува на вашите желби и преференции за кои вкусови ќе се одлучите. А зошто пак да не ги пробате сите?

За оние кои сакаат целосно да се освежат и да ги вклучат сите сетила им го препорачуваме COCTAIL PIES, со вкус на природен зелен лимон и нане.

Доколку сакате да се задржите повеќе на вкусот на лимон тука е VOLIM LIMON, каде што со белото вино е измешана природната арома на свежиот лимон.

Кога сме кај киселкасти вкусови освежителниот вкус на вишна го носи VOLIM IMPORTANT, а пак идеален за сите е VOLIM EVERYONE со арома на праска и кајсија.

Лубениците се хит освежително овошје секое лето, па така одлично се вклопуваат во алкохолниот VOLIM JADODA & WASTE, заедно со вкусот на јагодата.

VOLIM GREEN APPLE и COCTAIL DINNER се уште два неверојатни вкусови кои би сакале да се најдат на вашата трпеза спремни за „сервирање“.

VOLIM е највкусното и наједноставното решение за деновите кога едноставно сакате да се релаксирате и да уживате. Затоа заборавете на стресот и нервозите за момент и почестете се со ладно шише од вашиот омилен пијалак VOLIM.

Следете ги VOLIM на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук за да дознаете повеќе за нивните промоции и забавни наградни игри, во кои вие сте секогаш победниците.