Легендардната пејачка и еден од најпознатите спортски брендови во светот, вчера утрото го објавија нивното ново партнерство.

Новата спортска колекција покрај гламурозни патики, ќе вклучува и облека, а притоа Бијонсе ќе го обнови и нејзиниот спортски бренд Ајви Парк, кој го носи името на нејзината најстара ќерка, Блу Ајви.

За мене, ова е животна соработка! Адидас има неверојатен успех во надминувањето на границите на креативноста, а истовремено делиме иста филозофија. Воедно, се радувам што повторно ќе го лансирам мојот бренд Ајви Парк и ќе го претставам на светскиот пазар соработувајќи со динамичен лидер како Адидас– изјави Бијонсе во официјалната изјава на спортскиот бренд.

Како нов креативен партнер на спортскиот гигант, чие седиште се наоѓа во Германија, Бијонсе ќе дизајнира парчиња кои ќе бидат мешавина на спортска облека, облека за настапи до едноставни парчиња за секојдневниот живот.

Во склоп на партнерството, како што стои во нејзината изјава, Бијонсе повторно ќе го лансира својот спортски бренд “Ајви Парк”, кој првично беше претставен од страна на Топшоп, но сега Бијонсе, пред да ја започне својата нова креативна приказна со Адидас, го откупи компанијата на Топшоп, за да нема пречки Адидас да го продолжи неговиот развој.

Ерик Литек, извршниот директор на Адидас вели: “Нашата компанија не знае за граници кога станува збор за креативноста и постојано го предизвикува дизајнот да се помести од своето статус кво. А Бијонсе, како нас е докажан лидер и заедно ја имаме способноста да ја поттикнеме следната генерација на дизајнери.

Брендот допрва треба да открие кога парчињата што ќе бидат дизајнирани од Бијонсе ќе бидат пуштени во продажба, а на нас останува да чекаме со нетрпение.