Сите љубители на чоколадата го обожаваат овој едноставен, а кралски десерт- Сочен, мек, со глазура која неодоливо се растекува по неговата површина.

Најдоброто од сè што за овој вкусен десерт не ве требаат ниту јајца, ниту млеко, ниту масло!

Целата тајна се состои во употребата на сосема вообичаен мајонез, кој успешно ги заменува сите претходно споменати состојки. Еве како да го направите сочниот колач:

Чоколаден десерт со мајонез

Потребни состојки

  • 200 гр мајонез
  • 1 кафена шолја вода
  • 2 кафени шолји брашно
  • 5 супени лажици какао во прав
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 2 кафени лажици пециво или сода бикарбона
  • 1 ванила

За глазурата

  • 200 гр чоколада (Најдобро е темна чоколада, но по ваша желба, може да изберете и млечна)
  • 100 гр путер

Начин на подготовка

Во еден сад најпрво измешајте ги сувите состојки, до добивање на една соедината смеса. Во добиената смеса, следно додадете ги водата и мајонезот и добро измешајте. Не е неопходно тоа да го направите со миксер, може и со најобична лажица или шпатула.

Во сад, во кој претходно сте нанеле брашно на неговата површината, исипете ја смесата. Печете 25 минути во загреана рерна на 180°C.

За подготовка на глазурата

Најпрво, потребно е чоколадата да се стопи на водена пареа, а потоа во истата додадете го и путерот и добро измешајте, до добивање на течна и мазна тексутра.

Оставете го колачот да се излади, а потоа врз неговата површина, нанесете од глазурата.

Пријатен апетит!