Овој дамнешно заборавен рецепт за потхранување на доматите е многу повеќе од ефикасен. Како резултат на неговата употреба, градинарските култури се развиваат многу побрзо од вообичаеното, а плодовите се кралски- полни кофи дури до есен!

Рецептот е многу едноставен

Потребни состојки

  • 6-2.7 литри дестилирана вода
  • 100 гр квасец
  • Половина супена лажица шеќер

Начин на подготовка

  • Во сад од 3 литри, се налеваат 2.6-2.7 литри вода без хлор (дестилирана), потоа се додава 100 гр квасец, претходно растворен во топла вода и 0.5 супени лажици шеќер и добро се мешаат состојките.
  • Откако ќе биде приготвена смесата, садот се покрива со газа и садот се складира на топло место, при што од време на време, потребно е да ја промешувате смесата. Откако процесот на ферментација ќе заврши, растоврот ќе биде готов за употреба.
  • Се додава по 1 чаша на 10 литри вода и со таа смеса се полеваат доматите, по 1 литар на корен.

Во текот на летниот период, вакви потхранувања на доматите се прават  до 3 пати, а за возвраст, растенијата се зацврстуваат, стануваат посилни, плодот останув заштитен од изгореници и лесно ги поднесува горештините и лошото време.

Најпријатното изненадување е тоа што, со употребата на овој раствор, доматите зреат и нè радуваат и во текот на Октомври, без разлика на врнежите и студените ноќи. И најважно- без вештачки ѓубрива.