Постојат многу фактори кои негативно може да се одразат и да ја намалат блескавоста на нашата насмевка, односно кои ја нарушуваат белата боја на забите, како што е прекумерената консумација на кафе, црн чај, лоша орална хигиена и слично.

Токму за оваа цел, денес ви откриваме, како брзо, лесно и на природен начин да му ставите крај на овој здодевен проблем.

Домашна смеса за блескаво бели и здрави заби

Потребни состојки

  • ¼ кафена лажица сол
  • 2 кафени лажици кокосово масло (како алтернатива може и бадемово или маслиново)

Начин на употреба

Измешајте ги состојките заедно и добро нанесете ја добиената смеса врз целата површина на забите. Со кружни движења, направете масажа 1-2 минути.

Повторувајте го третманот секој ден и по 5 дена, ќе ги забележите посакуваните резултати.