Сите знаеме за извонредните придобивки од витаминот Е за нашата кожа, а денес ќе ви раскажеме како да си приготвите домашен серум за лице, токму со овој витамин.

По употребата на истиот неколку ноќи по ред, ќе ја направи вашата кожа мека и беспрекорна, а вие ќе бидете задоволни од совршените резултати.

Домашен серум за лице

Потребни состојки

  • 2 супени лажици гел од алое вера
  • 2 супени лажици розова вода
  • 1-2 капсули витамин Е (од по 400 мг)
  • 1 кафена лажица бадемово масло

Начин на подготовка

Измешајте го гелот од алое вера со розовата вода, а следно кон добиената смеса растворете и додадете 1-2 капсули витамин Е и на крај, кон сите состојки, додадете и 1 кафена лажица бадемово масло и добро измешајте.

Добиениот серум складирајте го во чиста стаклена тегла. Нанесувајте го овој серум секоја вечер на чисто лице и масирајте неколку минути.