Go Back

Палачники без млеко

Доколку обожавате палачники, но вашиот организам е нетолерантен на млеко, ќе се изненадите дека постојат бројни рецепти за подготовка на палачинки без млеко, само со вода. Токму следниот рецепт е еден од нив кој вреди да се проба, кој притоа не остава никого рамнодушен со богатиот вкус!
Вкупно време1 час
Оброк: Појадок
Кујна: Француска
Клучни зборови: палачинки, палачинки без млеко, палачинки со вода
Порции: 4

Состојки

  • 600 мл вода
  • 300 гр пченично брашно
  • 3 јајца
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сончогледово масло
  • Половина кафена лажица лимонска киселина

Начин на подготовка

  • Добро изматете ги јајцата, а потоа кон истите додадете 500 мл вода, сол, шеќер, сода бикарбона и повторно изматете ја целата смеса.
  • Во преостанатите 100 мл вода разредете ја лимонската киселина и оставете ја на страна.
  • Пресејте го брашното во смесата со јајцата и замесете тесто без грутки. Оставете го да отстои 20 минути.
  • Додадете ја лимонската киселина и по желба, ситно исечени зачини. Изматете го тестото со миксер и започнете да ги печете палачинките: Добро испечете ги и од двете страни.