Go Back

Бабин колач

Задолжителен предмет во кујните на нашите мајки и баби е нивниот тефтер исполнет со бројни вкусни рецепти и кулинарски тајни кои се едноставно незаменливи. Токму еден ваков безвременски хит е следниот бабин колач, приготвен од нежен пандишпан потопен во чоколадо!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Клучни зборови: колач, чоколаден колач
Порции: 4

Состојки

За пандишпанот

  • 5 јајца
  • 1 кафена шолја брашно
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 пециво

За сирупот

  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја вода
  • 3 супени лажици какао
  • 125 гр масло

Начин на подготовка

  • Изматете ги јајцата со шеќерот. Пресејте го брашното, измешајте го со пецивото, а потоа додадете го кон јајцата.
  • Готовото тесто поставете го во претходно премачкан сад, да се пече 15-20 минути во загреана рерна на 180°C. Откако ќе го исклучите шпоретот, не ја отварајте веднаш рерната, туку оставете го колачот да отстои дополнителни 5 минути.
  • Состојките за сирупот поставете ги на оган, да зовријат, а откако ќе се излади пандишпанот, исечете го на коцки и одозогра прелејте со сирупот. По желба нанесете на крај кокос.
  • Неопходно е колачот да отстои 2 часа пред сервирање, за да добро се впие чоколадниот сируп.