Мали ролати од макарони
Едно од наједноставните, а воедно и највкусните јадења на светот се тестенините. Главен шарм на италијанската кујна, речиси и да не постои некој што не ги обожава. Доколку сакате да пробате нов рецепт со вашите омилени тестенини, а тоа да не биде само со додавање на сос, тогаш вреди да го пробате следниот рецепт!
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: макарони, пирошки, ролати, тестенини, солен ролат
Порции: 4
- 250 гр макарони (или други тестенини по ваш избор)
- 1 јајце
- 30 гр изрендан кашкавал или сирење
- 30 гр ситно исечена шунка
- 3-4 супени лажици растително масло
- 2 супени лажици сусам по желба
- По вкус зачини
Сварете ги тестенините, изладете ги, а потоа поставете ги во блендер. Додадете ги јајцето, зачините и половина од сусамот и добро измешајте ги сите состојките заедно.
Подгответе неколку тортиљи од добиената смеса и поставете ги изренданото сирење и шунката врз нив. Тоа ќе биде филот.
Свиткајте ги краевите и формирајте го ролатот, нешто слично како кога приготвувате кифлички. Одозгора нанесете го преостанатиот сусам.
Испржете ги формираните ролати на умерен оган.