Go Back

Слатки „гнезда“ полнети со карамела и чоколадо, обвиткани во лешници

Божиќните и новогодишните празници, покрај тоа што се совршен момент за да поминеме повеќе време со луѓето кои најмногу ги сакаме, исто така се и иделен тајминг да ги воодушевиме сите со нашите кулинарски вештини. За тоа ќе ви помогнат и следните златни божиќни колачиња!
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: карамела, чоколадни колачи, лешници
Порции: 4

Состојки

  • 250 мл меко брашно
  • 2/3 шолја шеќер
  • Половина шолја какао
  • 110 гр путер
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • 100 гр крупно исечени печени лешници
  • 1 белка

За филот

  • 100 гр лешник карамели
  • 1 лажица млеко
  • 50 гр чоколадо

Начин на подготовка

  • Додадете ги во еден сад омекнатиот путер, шеќер,от жолчката, млекото, пресаното брашно и какаото. Измешајте ги со малку миксер, без да го вклучувате, а потоа вклучете го и малку изматете ја смесата. Завршете го мешањето со рака.
  • Оставете ја смесата да отстои во садот, половина час во ладилникот. Потоа од истата обликувајте топчиња со големина по ваша желба.
  • Поставете хартија за печење во садот за печење. Со вилушка, малку изматете ја блеката, а потоа секое од формираното топче потопете го прво во белката, а потоа во лешниците, па наредете ги во садот за печење. Со прст или друг предмет, направете вдлабнатина во секое топче, а потоа поставете ги да се печат Печете во загреана рерна минути на 180°C. Колачињата треба да бидат меки кога ќе ги извадите. Поправете ги владбнатините и оставете да се изладат.
  • Растопете ги карамелата и млечното чоколадо. Додадете млеко во карамелата и растопете го на тивок оган во микробранова печка, додека не се соединат. Направете го истото со млечното чоколадо. Потоа оставете ги да се изладат.
  • Наполнете ги колачињата со добиениот фил, притоа оставете го истиот да се излади и затегне, а потоа сервирајте и уживајте во совршениот вкус!